Ниту еден договор не може да ја запре Македонија, таа е вечна

Интегрален текст од обраќање, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден горда, достоинствена и непокорна Македонијо!

Добредојдовте во градот под Царевите кули, градот кој што роди и изгледал и за Република Македонија дал многу дејци и херои, градот на на Мучето, градот на Борис, градот на струмичките студенти, градот на гордите Македонци, а не оние на М.

Ќе ми дозволите да започнам со стиховите од еден наратив на нашиот голем великан Петре М Анреевски и истите ви ги посветувам на вам и на овој денешен величествен настан овдека:      

“Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина. Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што не осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина. Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој ќе грмиме, ураа за тој вечен оган по кој се препознаваме. Да викнеме сите гласно и гордо Ура за Македонија“

Македонија!

Драги сограѓани.

Знам дека чувствувате несигурност, гледате како пополека ви се одзема животот по кој сте копнееле и ви се руши сонот кој сте го сонувале од мали нозе. На седенките во раните години, во размислите и мечтите за вашата иднина во вашето безгрижно креирање на сликата за тоа што сте сакале да бидете вие, но и вашето семејство, овде во нашата земја и никогаш не сте помислиле дека може да се отиде до оваа граница, која не само што е помината, туку е целосно срушена, до ваков период на порази и удари, на личен план, на политички и општествен, напад врз достоинството и честа, до гола борба за живот на дневна основа, затоа што живот нема. Нема живот без достоинство, без чест, со празен паричник, со наталожени сметки за струја, вода, на кои не сакате да мислите затоа што таа помисла ви создава јад и ни создава несигурност.

Наспроти розевата слика која секојдневно ја потхрануваат луѓето од власта, која освен во убавите зборови, во лажната еуфорија слеана помеѓу неколку вештачки насмевки на луѓето од власта, за жал шетајќи со граѓаните, низ маалата, сокаците таква лажна насмевка не гледам. Напротив гледам тага и разочараност.  Ја нема таа лажна насмевка затоа што ние Македонците, луѓето на оваа земја, со оваа влада ја губиме нашата држава. Овие паралелни светови каде од една страна ги имаме властодршците, оние кои ги уживаат придобивките дадени од народот, а од другата страна токму народот, опркужен со сиромаштија и очај, доведуваат до она што и токму се посакува во овој момент, а тоа е удар врз самодовербата на нашиот народ и на нашата земја!!! Тоа е она што тие луѓе го посакуваат денеска да ни се случи.

Сакаат да се поколебате, да бидете неодлучни, да бидете потчинети, затоа што кога ќе ви речат "северномакедонци", да речете добро е, не можело поинаку, иако и можело и морало да биде поинаку.  Ќе ви кажат морало да се избрише зборот Македонија и пред него ќе додадат придавка, да си речете еве барем ќе имаме некаква иднина како другите во Европа, а реалноста е сурова, за да бидеме како Европа потребно е многу работа и посветеност и ништо друго и ништо повеќе или помалку од тоа, затоа што кога ќе ви речат економијата е лоша зошто претходно не се работело, да си речете добро барем се трудат, иако знаете дека нема да биде подобро и нема да може да направат ништо, бидејќи немаат визија и не знаат да работат. Затоа им требате неодлучни и затоа целта е напад врз самодовербата, да го контролираат вашиот систем на сфаќања и светолгед.

Затоа се и политичките прогони, за да го исплашат народот, и сите оние врз кој сега се срушува тоа политичко сладострастие на реваншизам и ниски страсти треба да бидат показна вежба пред другите. -"Ако кренете главата може да ви случи ова", тоа е пораката. ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се теретат за нешто што не го направиле, односно за тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние наши браќа и сестри кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка, насочена против секој слободномислечки Македонец.

Јас ги живеам нивните судбини. И не заборавајте дека сепак има невини луѓе по затвортите, затоа што се воделе од чесна идеа и мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија.

И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш, еднаш засекогаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на македонци, и помалку македонци и затоа апелирам е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мора да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото. Тоа е она што го бараме. И тоа е она за што ќе се бориме и ќе залагаме.

Ниту договор, браќа и сестри, ниту еден акт нема да може да ја запре Македонија, затоа што Македонија е вечна, таа е идеја, таа е сон, и столетен стремеж на секој од вас. Македонија живее и ќе продолжи да живее во срцата на секој еден од вас, затоа што таа е татнежот на срцето на секој слободномислечки Македонец, затоа што надежта дека може подобро е посилна од сите измами, од сите манипулации смислени од оваа власт.

Кога сме кај договорот го видовме Зоран Заев, го видовме Зораан Заев како на грчка телевизија се труди, се жили, го гледаме како се труди, се жили да допрел до грчките националисти правдајќи се дека имал добар договор, ама добар договор по грчки терк. Човек само да позавиди како ги брани грчките интереси камо ли вака да се залагше за  македонските интереси кога преговараше.

Па вика и не застанува, продолжува вика гордо, овој договор ги гарантитирал грчките интереси, па каде се македонските овде.  И додека тука дома вели, идентитетот е зачуван, во Грција изјавува идентитетот бил чувство. Па сети се на ова место и на Мучето кога го фрлија овде пред оваа зграда. Сети се Зоране тоа ли е чувство? За то ли гинеа луѓето во оваа држава. Не е чувство Зоране, не е чувство кога ќе кажеш македонска армија и веднаш потоа МНР на Грција ќе те прекори и ќе ти рече не е тоа веќе македонска армија почитуван господине премиер, тоа е армија на Северна Македонија, т.е. Република Северна Македонија. Не треба ние да го демантираме. Грците го демантираат нашиот премиер.

И нема дилема, драги сограѓани, и нема дилема, дека од една историска дистанца кога ќе се раскажуваат овие времиња, и кога ќе се знае како се договарал овој капитулантски чин, убеден сум, сигурен сум дека ќе се појави некој нов Фрчкоски  кој што ќе сведочи за некои нови куферчиња, и за некои нови амфори. Се сеќавате и на куферчињата и на амфорите, но нашиот премиер Зоран Заев не е Глигоров, и овој Зоран, Зоран Заев го видовме како и за многу помалку од куферчиња и амформи овде се нафаќа да сработи нешто, за многу помалку. Но тоа е работа која што ќе се знае некое друго време, во некои други околности кога можеби и нема да биде важно. Но секогаш ќе се сеќаваме на овој момент и на оваа зграда овдека кога за многу помалку беше подготвен да сработи нешто што по закон мора да го сработи.

Да ги поздравиме овие луѓе овдека, овие господа, да ја поздравиме македонската горда полиција, македонските горди бранители на оваа држава. Не се плашете ова е мирен народ што си ја сака својата држава, што си го сака своето, нема потреба да ве наоружуваат до заби, вие сте наши браќа и сестри, нема потреба од ова.

Драги браќа и сестри,

Не е ова тоа за што се надевавте и за што нашите сограѓани кои го поддржаа СДСМ и сакаа да го казнат ВМРО ДПМНЕ. Се случуваат потфрлања во секоја област. Економијата е силно срозена, сиромаштијата се зголемува. Државата пропаѓа. Младите се иселуваат. Струмица е град со богата историја и луѓе еснафи. Но и место кое најмногу се чуствува немилосрдното разграбување и тешкиот живот. Земјоделието е едно од водечките дејности во Струмица и струмичко, добро знаете дека крахира. Гледам меѓу вас луѓе кои со децении работат земјоделие, многу можам од вас да препознаам итајќи по општините околу Струмица и многу од вас знаат дека земјоделието никогаш не било во полоша кондиција и состојба отколку што е сега.

Ќе споменам неколку работи поврзани со земјоделието. Ја нема зелената нафта која ја ветуваа, но затоа акцизата за горива ја зголемија, а сега слушам од утре не очекува рекордна цена за горивата во Република Македонија. И потоа ќе ви речат го наполниле буџетот го наполниле со ваши пари безмилосно да ги трошат. На едниот единствен оглас од Ипард од 1600 апликанти склучени само 4 договори, и наместо да ја забрзаат постапката тие ја забавија и ја усложнија. Намалување на ДДВ-то за сточна храна од 18 на 5% никаде го нема, а го ветуваа пред изборите. Ги нема ветените премии за осигурување за земјоделците од милијарда и сто милиони денари средствата се намалени на само илјада денари. За секторот сточарство од милиони денари ставката е намалена на илјада денари. Избришани се и средствата за помош од елементарните не погоди за 2016 година од вкупно 62 милиони на 2 илјади денари. Дали ова се реформите кои ги ветуваа и животот кој што требаше да дојде за граѓаните на Република Македонија и земјоделците. Не се тоа браќа и сестри тоа е понижување.

Луѓето во минатото имале причина да го казната ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат против ВМРО ДПМНЕ да гласаат за СДСМ јас ги разбирам зошто гласале како што гласале и тие имаат свои аргументи затоа од кои ние политичарите мора да извлечеме поука но факт е дека ова што се случува не е тоа затоа што гласале нашите сограѓани. Тие сигурно не гласале за нула проценти раст на економија за нула нови работни места за барање изговори зошто не им оди, а ветуваа дека за 6 месеци чуда ќе направат. Не гласаа за криминалот кој го гледаме, за младите да го интензивираат иселувањето, за недавањето на повисоки плати и пензии, за распродажбата на националните интереси, двојазичноста и промена на името со капитулантскиот договор. Не гласаа тие за тоа. Тоа е факт.

На Македонија и се потребни нов тип на политичари, професионални, посветени и одговорни луѓе, кои се докажале во различни области, кои остваруваат ветувања, и кои нема да го изневерат народот. А не политичари од кариера, кои ветуваат и не исполнуваат. Кој што го манипулираат македонскиот народ и народот на нашата татковина. Ние ветуваме политичка борба со различни концепти која ќе се темели на програмски концепти борба која ќе ја предводат професионалци, граѓани, следбеници на идеата, каузата за Македонија Борба која ќе не донесе до конечно ослободување од оваа тираниа која и се случува на нашата татковина. Ќе ја видите нашата програма, нашата програма ја изработуваат од професионалци, луѓе кои работат и во Македонија но докажани во странство луѓе кои се дел од  нашата македонска од дијаспора. Дел од нашето перо кое ќе биде преточено во нашата програма се искуствата собирани во средбите со граѓаните ширум Македонија, тие средби ќе продолжат и во периодот кој следува преку работното лето насловено ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА.

Новитот концепт новата визија тоа е она во кое верувам браќа и сестри, цврсто верувам и се залагам за политика базирана на одговорност. Во исто време ќе бидеме социјални, либерални и конзервативни. Ние сме слободна, хумана демократија преку хуман конзерватизам како народна десна партија која слободниот човек го става на прво место, а сето ова мора да е базирано на владеење на правото. Не можеме да се интегрираме во Европа, ако не се интегрираме во Македонија, а ние Македонија ја губиме. Не можеме да се европеизираме во Европа ако не се европизираме во Македонија. Не верувајте на новите лаги на Заев дека пари од небо ќе паѓале и само што не сте се збогатиле сите. Се ќе распродадеме и од утре почнуваат чешмите да се отвараат пари ќе течат. Не е таква вистината. Сум бил сум работел знам многу треба визија многу работа, многу труд. Вие граѓаните на Република Македонија го имате тоа, за жал овие кои се влада во Република Македонија го немаат тоа и бараат спас во последната карта а тоа е продавај се што некој макотрпно го стекнал за да најдеш алиби во тие политики. Нема да им го дозволиме тоа.

Семејството- мора да биде и да остане основна клетка на општеството. Посилна економија, посилни семејства, посилна држава. Во политиката како држава треба да добиеме се, наместо да дадеме се. Јас сум за образование и напредок со носење на Светот кај нас, а не одлив на мозоци и стагнација.

Слободен човек е мислечки човек, такви луѓе се нашето најголемо богатство, оттука образованието и науката се клучот на успехот. Партиите не смеат да владеат со Македонија, со Македонија мора да владее правото, Уставот и законите никој не смее да биде над тоа.

 

Правиме 7 годишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција, на тој начин ќе одговориме, со економска револуција, која ќе донесе повеќе пари и повеќе инвестиции во сите области. Тоа е вистинскиот пат напред, а не шарените лаги за божемни мед и млеко за од утре да распродадеме се што некој го стекнал пред нас. Тоа пат во кој се потпираме и на нас самите но и на вас граѓаните на Република Македонија, не бараме да ни верувате нас верувајте си самите на вас. Вие сте силата на оваа  држава, граѓаните се тие кои што ја прават оваа држава. Нема магично стапче ниту еден политичар, има повеќе или помалку мотивирани политичари. Мотивиран сум да ве поведам кон нова, богата, достоинствена и горда Македонија.

Браќа и сестри, има една култна реченица во "Црно Семе" на Ташко Горгиевски подоцна преточена во легендарна реплика на големиот Ристо Шишков кој седејќи пред очите на мајорот кој го принудува да пеат песни, ќе го праша: "да пееме, да пееме господине мајоре, ама нашата или вашата", јас сум за нашата песна да ја пееме.

Ова се историски мигови за нашата земја, времиња кои преку нашите потези не опишуваат она што сме и какви сме. Да покажеме ние Македонците но и сите останати кои што се рамо до рамо со нас Турците, Албанците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и сите останати да покажеме кои сме и што сме. И како и секогаш во историјата што сме биле мудри, достоинствени и паметни, за мудра и достоинствена наша татковина Македонија тоа е она што од нас го очекуваат луѓето.    

И кај еден дел наши сограѓани сосема оправдано постои во извесна смисла очекувања од ВМРО-ДПМНЕ затоа што луѓето имаат надеж, затоа што луѓето знаат дека секогаш кога на нивната татковина векови наназад и била потребна потпора ВМРО бил тој пилар кој што секогаш се исправал над предизвиците, така ќе биде и овој пат. ВМРО-ДПМНЕ е лекот за ова цунами што и се случува на Република Македонија, немојте да го заборавите тоа, а вие бидете горди што сте дел од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

Сите оние што не делат сакаат да не видат разединети. Читам денес текстови од луѓе кои што ме навредуваат, ме омаловажуваат, ме понижуваат, ќе сме се распаднеле лево, ќе сме се распаднеле десно. Сакам да им порачам и да ги разочарам, не само што нема да ви се случи тоа што го посакувате и не само што ќе остане пуста желба, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било по сплотено, а ќе биде уште по сплотено кога ќе дојде денот.  

ВМРО било Македонија, ВМРО е Македонија и ВМРО секогаш ќе биде Македонија, затоа што народот и неговите автохтони идеи и интереси се нашите создавачи, поддржувачи и нашата иднина! Додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе пости Македонија, и обратно, запаметете го тоа! Ќе не класифицираат во леви, десни, граѓански, прави, криви. Но не е така, ние сме левичари кога се работи за работничките права, десничари кога се работи за националните интереси, либерали кога станува збор за економијата, да обезбедиме подобар живот, да обезбедиме нови работни места, да обезбедиме инвестиции за нашите сограѓани, а тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ низ историјата постоела и била формирана како организација па дури потоа прераснала во политичка партија. Организација која што имала за цел да ги брани и да ги заштитува македонската гордост и достоинство, немојте тоа да го заборавите вие сте дело од таа историска организација бидете горди на тоа! 

Денес е и посебен ден за Струмица и за Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. На денешен ден 8 ми јули 1990 година со почеток во 13 часот започнало Основачкото Собрание на патриотите, на луѓето кои што имаа визија да состават дел од организацијата која што се бореше за македонска полиција, за македонска војска, за македонска фудбалска репрезентација, за македонски институции, за Македонска академија на науките и уметностите, за македонска Влада, бидете горди на тие луѓе. Тие луѓе пред помалку од три децении го донесоа ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на тој ден.

И еве денеска кога се движевме покрај паметниците, на нашиот Борис, покрај Мучето и Сандански под раширените рацете на апостолот Гоце до пред Собранието.

Сите нека видат дека Македонија има чеда достојни на предците и посветени на потомците.

И да кажеме силно, пред цел свет: Македонија ќе победи!

Силата сте вие. Вие сте тие кои што се силата на овој народ и на оваа држава, и никој не барајте да ви донесе нешто, што нема да го заслужиме. Ние ќе си ја избориме сами нашата слобода. Не ни треба подарок. Нека си го чува нашиот премиер подарокот за него, не ни треба нас тоа. Нема предавање. Најлесно било 5-те струмички студенти да се предадат, да се покорат, пркоселе и станале безвременски. Вие, секој од вас сте дел од тоа безвреме. Ќе останеме вечни ако останиме достоинствени и си ја одбраниме честа и достоинството. Во име на тоа би сакал на тие луѓе од овде да изрецитирам еден мал дел, како еден наш допринос за делото кои што тоа го направиле. Ќе започнам со стиховите. 

Беласицо крикни и заплачи, за петте твои синови. Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. И Македонија низ својот пат кон вечноста, секогаш да ги памети петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани.

Нека им е вечна слава.

После дождот сонце доаѓа браќа и сестри.

Ќе дојде сонце за нас многу побрзо од некој што мисли.

Да ни е жива и здрава Македонија, Да ни е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.

Да сте ми живи и здрави сите вие.

Благодарам уште еднаш

 

8 јули, 2018 - 16:48