Ѓорчев:

Во оваа заробена Македонија се суди единствениот градоначалник надвор од Македонија, кој се бори за правата на Македонците

Имаме ситуација каде се пуштаат тешки криминалци, нерасчистени убиства, а се гони тешко болниот Едмонд Темелко кој е единствениот Македонец градоначалник надвор од Македонија, кој се бори за правата на Македонците, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во емисијата Алфаскоп на Алфа Телевизија.

– Оваа Македонија која стана земја на неправдите реши да го суди, да го затвори Едмонд Темелко и оваа заробена Македонија одлучи Едмонд Темелко да биде уште 30 дена во притвор. Во петокот одлучија тешко болниот Едмонд Темелко да биде уште 30 дена во притвор, а по најавата за протест одлучија да го пуштат во домашен притвор, потенцираше Ѓорчев.

Тој посочи дека не постои друга држава на Балканот која го суди својот градоначалник  во друга држава кој се бори за правда на својата националност. Ниту Албанија суди градоначалник од Косово, ниту Грција од Кипар ниту пак Бугарија од Димитровград  кој се наоѓа во Србија, а Бугарите се мнозинство.

– Оваа ситуација со Едмонд Темелко нема човек во Македонија кој што не го допира тоа. Тоа што оваа Македонија реши да му го прави на тешко болниот Едмонд Темелко кој е болен веќе 10 години е тешко описливо, истакна Ѓорчев.

Тој нагласи дека неправдите секојдневно се зголемуваат и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ на 3-ти декември во 18 часот ќе одржи протест за правда и правдини, затоа што во овој 21-ви век Македонците се уште се борат за своите правдини.

– Пораката е дека Македонија е жива и дека ВМРО-ДПМНЕ е тука и имаме намера да се спротивставиме на штетните процеси во Македонија, кои се однесуваат и на економијата и на државноста, истакна Ѓорчев.

27 ноември, 2017 - 15:21