-Генерално дискутиравме за актуелните политички случувања во Република Македонија, за изгубената правна држава, практично за невладеењето на правото во Република Македонија зголемениот степен на криминалитет и впрочем ги пренесов оние четири немили настани кои што се случија во само еден ден каде што имавме, гранатирање на еден локал во центарот на Скопје, два запалени дуќани, еден во Старата скопска чаршија, еден во општина Бутел и истовремено оној филмски вооружен грабеж во кој што се случување во една подружница на една од банките во Република Македонија, рече тој и додаде:

„Ја пренесов нашата загриженост, загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните на Република Македонија од сето она кое што во моментот се случува за разлика од онаа розова приказна која што политичарите од Владата на СДСМ и Зоран Заев ја прикажуваат. Луѓето имаа можност да ја слушнат вистинската вистина за Република Македонија и исто така ја пренесов нашата загриженост дека за време на претседателските избори се разбира очекуваме Зоран Заев истите да се обиде да ги украде како што тоа го правеше за време на референдумското изјаснување како што тоа го правеше за време на локалните избори“.