Претседателот Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата, додавајќи дека и покрај тоа што во Собранието се започнати собраниските процедури за Нацрт Амандманите за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ останува да биде против овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија на народот и ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото, така и во иднина ќе ги користи исклучиво демократските алатки кои и стојат на располагање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието, нагласи Мицкоски.