Мицкоски:

ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на националните интереси

Мицкоски истакна дека 8 месеци како партија немале никаква информација што точно се случува со процесот на преговарање околу разликите за името помеѓу Република Македонија и Република Грција. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е одговорна политичка партија која секогаш ќе застане на браникот на националните државни интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ застапува огромно мнозинство македонски граѓани и во ВМРО-ДПМНЕ останува идејата и целта во овој преговарачки процес а тоа е да биде браник на заштита на македонските национални државни интереси, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата „Гласот на Америка на македонски јазик“ од Вашингтон.

Мицкоски истакна дека 8 месеци како партија немале никаква информација што точно се случува со процесот на преговарање околу разликите за името помеѓу Република Македонија и Република Грција. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е одговорна политичка партија која секогаш ќе застане на браникот на националните државни интереси.

Мицкоски додаде дека тој инсистирал да се одржи лидерската средба, се со цел да дознаат што точно се случува и на кој начин се водат преговорите.

-По неколку мои инсистирања во неколку јавни настапи  министерот за надворешни работи заедно со премиерот организираа лидерска средба на која што бев јас, беше присутен претседателот на државата, Али Ахмети со соработници каде што бевме запознаени од страна на министерот за надворешни работи и премиерот за начинот на кој што до овој момент се случува овој процесот. Но исто така ни беше презентиран сетот на идеи  што претходно медијаторот Нимиц го претставил на преговарачите во процесот, Василакис  и Наумовски, констатираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски заедно со делегација од ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден е во посета на Соединетите Американски Држави каде што беше на традиционалниот молитвен појадок организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп. Мицкоски имаше средба и со голем број на влијателни луѓе, од Сенатот и Конгресот.

8 февруари, 2018 - 18:39