Груевски:

ВМРО-ДПМНЕ е таргет на СЈО и СДСМ затоа што е на браникот на националните и државни интереси

Акцијата на СДСМ и СЈО е планирана до таа мера, не само да се оди кон поединци од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа поединци во смисла на најмалку половина раководство ако може и цело раководство, туку да ја нападне и партијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се заплени нејзиниот имот, да се блокира сметката, да се блокираат средствата на партијата, да не може да функционира, за да може да се истера оваа агенда. И однадвор никој ништо нема да каже како што и сега никој ништо не кажува за медиумите, вели Груевски.

Тој посочува дека да му се случело ова на некој друг, кој е на линијата на агендата на Заев и платформата од Тирана, сите НВО од ЕУ и цел свет сега ќе биле на нозе.

Сега имаме под прогон газда на медиум само затоа што неговиот медиум се труди да објасни што се случува во Македонија и кои се ризиците што доаѓаат и не оди по теркот кој го замислил Заев и неговите сценаристи. Под закана се и другите медиуми. Под закана е и клучната политичка партија која е на браникот на одбраната на националните и државни интереси. Тоа е еден план кој единствено народот може да го спречи, вели Груевски.

19 март, 2017 - 20:38