Милошоски:

Владеењето без изборна победа секогаш е пократко од очекуваното

Секогаш, кој и да владее, а да не е тоа резултат на изборна победа, не трае толку колку што тој очекува, изјави во вестите на ТВ Нова Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оние коишто сега се на власт веројатно презеле некакви обврски да испорачаат кон факторите коишто им помогнале да бидат владејачка коалиција, но ние тука сме прилично решителни, будни и цврсти за да не дозволиме да се направи било каков чекор што би бил на штета на интересите на Република Македонија“, вели Милошоски.

Тој додаде дека на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе биде политичка партија со најголем број на освоени гласови, советници и градоначалници во Р. Македонија.

„Тоа се надеваме дека ќе создаде дополнителна атмосфера за ревидирање на довербата кон извршната власт и закажување на нови предвремени парламентарни избори“, рече Милошоски.

18 јуни, 2017 - 17:42