Мицкоски:

Владата на Заев го крие државниот долг, кој што го зголеми за 200 милиони евра

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Опстојувањето на актуелната влада е резултат на бројки а не на реалното расположение на граѓаните.

И оние од власта кои се чувствуваат недостижни и лажно ја градат розевата слика, треба да знаат и дека вистинскиот репер е волјата на народот, а таа ќе биде покажана на избори кога оваа најнеспособна влада до сега ќе биде поразена.

Почитувани граѓани,

Економското цунами во Република Македонија продолжува. Ја задолжија Република Македонија а тоа не им го кажуваат на граѓаните, повторно ги излажаа.

На веб страницата на Министерството за финансии многу лесно можете да прочитате дека државниот долг е еднаков на 38,7 проценти. Но, вистината е поинаква, бидејќи БДП во 2017 година не порасна, односно остана еднаков на нула, т.е. тој е ист како што беше во 2016 година, тогаш Министерството за финансии треба да го нивелира и податокот за државниот долг кој што сега наместо 38,7 проценти, изнесува 40,7 проценти.

За 200 милини евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година.

Почитувани граѓани,

Вчера, во текот на вчерашниот ден, претставници на Светска Банка во Република Македонија презентираа уште еден поразителен факт кој што е резултат на оваа цунами економска политика на владата во Република Македонија.

 

 

 

 

Наместо претпоставениот и предвиден раст на македонската економија за 2018 година од 3,2 тие го нивелираа на 2,3 проценти. Повторно 100 милиони евра граѓаните на Република Македонија во 2018 ќе бидат посиромашни споредено со  тоа што биле во 2017 година.

Третиот поразителен економски показател кој што беше исто така презентиран за време на вчерашната прес конференција на претставници од Светска Банка беше просечниот очекуван раст во периодот од 2017 до 2020 година. И тој ќе изнесува околу 2 проценти што е за два ипол пати помалку од оние фамозни 5 проценти што беа ветувани за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Оваа катастрофална цунами економска политика на владата предводена од СДСМ мора да престане.

Доаѓа ново утро за Република Македонија!

Доаѓа нова надеж за Република Македонија!

12 април, 2018 - 16:11