Манојловски:

Тетовчани имаат горлив проблем со водоснабдувањето и дивата депонија, локалната самоуправа не презема ништо

Тетовчани имаат горлив проблем со водоснабдувањето. Овој проблем ги засега сите граѓани на Тетово без разлика на национална,  етничка и верска припадност. Ова е проблем кој многу локални самоуправи ветуваа дека ќе го решат, но не го решија, вели Горан Манојловски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а на тема „Тетово наместо во 21 век се враќа во 19-от“.

Пример за тоа што се случува во Тетово е дека на овие високи температури, овој топлотен бран што ја зафати нашата држава, при истечност на изворите во Тетово градот се соочува со рестрикции и намалено водоснабдување. Доколку има доволен прилив на вода, неспособноста на локалната самоуправа допринесе до тоа да градот има рестрикции кои наместо 2-3 часа како што најавува градоначалничката и ЈКП кое стопанисува, тие рестрикции се многу подолготрајни. Се соочуваме со проблеми од аспект на хигиената, здравјето затоа што недостатокот на вод аможе да донесе голем број на зарази, истакна Манојловски.

Тој вели дека имаат проблем и со ѓубрето во Тетово, односно дивата депонија.

Имаме депонија на 1.200 метри од центарот на градот, депонија која е на смаиот влез од Тетово која се наоѓа веднаш до Жито полог, тоа е стопански објект каде се чува житото, односно голем дел од државните резерви на Република Македонија. Ова претставува една голема потенцијална опасност по здрвајето на граѓаните на цела држава, не само на тетовчани. Додека локалната самоуправа цело време обвинува дека немала доволно помош и поддршка од централната власт додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, сакам да ја демантирам градоначалничката Теута Арифи затоа што министерот за локална самоуправа, за животна средина кои се најодговорни да го решат овој проблем доаѓаат од редовите на ДУИ, вели Манојловски.

11 август, 2017 - 18:38