Груевски:

Според анкетите над 70 проценти од Македонците се за брзи парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека како партија понудиле две решенија за излез од политичката криза. Едното решение се брзи и нови парламентарни избори заедно со локалните, додека другото решение е формирање на малцинска влада.

На една од анкетите кои што ги направивме над 70 проценти од граѓаните кои се со македонска националност ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори, тоа значи и дека многу од луѓето кои го поддржуваат СДСМ се за предвремени избори. Па таму Зоран Заев нека ја претстави својата платформа, нека ја претстави бинационалноста и сите работи што доаѓаат по неа, како што се бинационализација, и сл. Тој нека излезе пред граѓаните и ако тие му дадат поддршка во ред, затоа велам излез од кризата се предвремени парламентарни избори, порача Груевски.

19 март, 2017 - 20:30