Нелоски:
Со укинувањето на дисперзираните студии студентите повторно се рангираат по социјален статус

Со укинувањето на дисперзираните студии, студентите повторно се рангираат по социјален статус. Односно СДС прави да не може секој да студира. Во просек за едено семејство да прати матурант да студира некаде надвор од своето родно место во просек потребна е една просечна плата плус на семејните примања која не сите ја имаат. За разлика до сега кога матурантите размислуваа каде да студираат, односно на кој смер и кој факултет сега размислуваат во две насоки. Првиот избор е некако нивните родители да најдат средтсва дополнителни за да можат да отидат во Скопје, Штип, Битола, Охрид за да студираат или пак да не студираат и да не го продолжат образованието, истакнува Нелоски.
19 јуни, 2017 - 18:11