Грнчароски:

Системот за водоснабдување во Тетово има капацитет за 15 илјади жители, а во градот живеат 100 илјади луѓе

Серафим Грнчароски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија во партиското седиште истакна дека проблемот со водоснабдувањето во Тетово е еден од најгорливите проблеми, додавајќи дека во погорните делов од градот луѓето немаат по повеќе од 12 часа водa.

Кај нив се прават некои напори да им се достави вода со цистерни кои не се адекватни, цистeрните кои им носат вода се бактериолошки неисправни и водата е ризична за употреба на тој дел од граѓанството, истакна Грнчароски.

Посочи дека системот за водоснабдување почнал да се прави во 1927 година и има капацитет за 15 илјади жители, а денеска Тетово има над 100 илјади граѓани.

Магистралниот цевковод кој врши дотур на водата е од 600 литри во секунда, меѓутоа, градската мрежа е доста руинирана и многу стара. Таа е на многу места оштетена и има големи загуби во водоснабдувањето, потенцира Грнчароски.

11 август, 2017 - 18:19