СДСМ за 6 месеци потроши 600 милиони евра и ништо не направи!

Владата на СДСМ, веќе половина година покажува што значи неработа.

Не е спроведен ниту еден голем проект или мерка која ќе биде за доброто на македонските граѓани.

За овие 6 месеци се потрошени 600 милиони евра, а со нив не е направено ништо.

Во емисијата на Канал 5 телевизија „Само Вистина“ се водеше жестока дебата помеѓу пратениците Крсто Јовановски и Павле Богоевски, а се говореше и на оваа тема.

Јовановски за задолжувањата кои ги оствари новата влада на СДСМ за шест месеци истакна:

-Преку 600 милиони задолжени пари ги нема никаде, нема инвестиции. Има 175 милиони земено од девизните резерви, а го критикуваат „Скопје 2014“ кој целокупно чинеше 600 милиони евра, заедно со сите споменици и со сите згради кои се направени и го критикуваа она кое траеше 10 години. Тие за 6 месеци зимаат преку 600 милиони, немаат на повидок ништо, потенцира Јовановски.

10 ноември, 2017 - 13:58