Јованоски:

Приоритети на општина Прилеп се инфраструктурата и локалниот економски развој

Главните приоритети на секоја локална самоуправа се решавањето на проблемите во инфраструктурата и локалниот економски развој, а ние докажавме дека успешно ги решаваме овие проблеми, истакна Александар Јованоски од општина Прилеп на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека општина Прилеп успеала да ги реши инфраструктурните прашања, односно инфраструктурно да се покрие не само урбаниот дел туку и целата површина на општината.

Успешно го менаџираме и делот на зајакнување на локалниот економски развој, истакна Јованоски.

10 август, 2017 - 20:01