Захариев:

Предвидени беа 124, но реализиравме околу 450 проекти

Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во минатата програма на локалната самоуправа биле дефинирани 124 проблеми на граѓаните кои морало да бидат решени.

Ние бевме свесни дека мораме да отидеме кај граѓаните, да разговараме со нив, да ги видиме нивните визии, нивните проблеми и всушност, нивните барања ги преточивме во нашата програма. Со задоволство можам да кажам дека од 124 предложени проекти во програмата, завршивме 4 пати повеќе, односно некаде околу 450 проекти, потенцира Захариев.

Посочи дека сите проекти биле реализирани со помош на граѓаните, бидејќи тие секојдневно оделе во општината, или претставниците на општината оделе на терен. Захариев вели дека локалната самоуправа се трудела да ги реши на соодветен начин.

На почетокот од мандатот беше важно да направиме една солидна и професионална администрација. Односно, вработените во општината и во јавните претпријатија да ги научиме дека тие се сервис на граѓаните, дека се слуги на граѓаните и дека тие мора да бидат во функција на граѓаните. Личниот примеро мораше да го даде првиот човек во општината, градоначалникот кој од 5 часот наутро излегуваше во пресрет на сите граѓаните и ниту еден граѓанин не беше вратен, а да не излезе со одредено решение од Кабинетот, истакна Захариев.

Напомена дека уште од првиот ден локалната самоуправа тргнала во реализирање на што е можно повеќе проекти, а за него најважен бил локалниот економски развој.

23 август, 2017 - 19:07