По само 40 дена власт СДСМ направи ребаланс на буџетот и ги скрати сите предвидени средства во делот на образованието

По само 40 дена на власт СДСМ прави ребаланс на буџетот и оди во кратење на сите ставки во делот на образованието, а ова ни даде за поттик на утрешната седница да предложиме информација за ново настанатите состојби во образованието и кратењето на буџетот. Ова кратење на буџетот се отсликува директно врз некои инфраструктурни работи кои треба да се започнат или некои да се завршат во делот на образовната инфраструктура. На пример во населбата лисиче ВМРО-ДПМНЕ вети ново училиште, а по ребалансот на буџетот нема предвидено средства за тоа училиште, исто така во општината Студеничани се предвидуваше основно училиште, но таму нема предвидено средства исто како и кај Димитар Македонски во Лисиче. Реконструкцијата на домот Гоце Делчев нема да продолжи бидејќи нема предвидено средства, додека да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт двата блока ќе започнеа да се реконструираат, порача Данев.
Тој ги повика надлежните да дадат одговор зошто не се предвидени средства за сите овие проекти во образованието.
Јас верувам дека ќе наидеме на сериозно разбирање кај надлежните во министерството и во владата и дека сето ова е само еден погрешен потег или лош ден за министерката и владата во целост, бидејќи направиле само погрешна проценка и дека ова се приоритети и за учениците и за студентите и за кадарот, потенцираше Данев.