Арсовски потенцираше ова што се случува во Република Македонија е жално и е далеку од сите европски вредности за кои што треба да се залагаат сите политички партии. Според него случајот Талир кој денеска е отворен од СЈО претставува само уште еден инструмент за закана и уцени врз ВМРО-ДПМНЕ.

-Двете најважни ситуација кои што се разговараат и кои што се тема под актуелната политичка ситуација тоа се она што се случува во моментот оној пазар од страна на Зоран Заев, уцени и закани кон сите пратеници во Собранието на Република Македонија. И вториот дел е за кој што веќе имавме прес конференција од страна на Генералниот секретар Игор Јанушев, за отворање на случајот на Талир за кој што можеме уште еднаш да потенцирам дека тоа е уште еден предмет кој што се отвора се со цел да биде како еден инструмент кој што ќе служи за уцени и закани врз ВМРО-ДПМНЕ, додаде портпаролот Арсовски.

На прашањето дали се чека да се повлечат пратениците од Собранието, Арсовски одговори дека седницата на Извршниот комитет е во тек и се очекува веднаш штом заврши да се информира јавноста за донесените одлуки.