Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Дали тоа значи дека ќе ја преиспитате вашата одлука во институционалното делување дека можно да се напушти работата во Собранието?

Одговор: Точно така, кажав дека ќе го преиспитаме нашето идно делување во институциите, само што не започнала седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе присуствува и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на која што ќе ја следиме состојба во текот на денешниот ден, секако и следните денови и врз основа на тоа ќе донесеме одлуки и заклучоци за нашето понатамошно делување и за што благовремено ќе биде информирана целокупната македонска јавност.

Прашање новинар: Имате ли најави дека се вршат  некакви преговори со дел од вашите пратеници и дека се подведени на уцени и закани?

Одговор: Она што го знаеме во моментов е дека се обидува на најгруб можен начин да се изигра на некој начин правото, правната држава и можноста за слободно одлучување на пратениците. Тоа го видовме и бевме сведоци и на 19-ти октомври, приказната ни се повторува. Да почекаме, да не подлегнуваме на шпекулации и дезинформации и да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на денешниот и следните денови.

11 јануари, 2019 - 13:37