Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали ова значи господине Мицкоски дека ако референдумот биде консултативен дека ќе го бојкотирате?

Одговор: Многу јасно и прецизно кажав и ќе повторам, ако Зоран Заев се обиде шверцерски да го протне, овој така наречен договор или капитулација во Собранието, мора да знае и да биде свесен дека конечно мора да има задолжителен референдум, а не консултативен.

Прашање: Како ќе гласате и дали ќе гласате вие како Христијан Мицкоски на тој референдум, сега горе доле позициите ги знаете, претходно немавте информации, но  сега се јавно објавени?

Одговор: Јас како Христијан  Мицкоски, на тој референдум ќе гласам против овој таканаречен договор.

Прашање: Ако не го прифатите договорот, дали тоа значи дека влегуваме во нова политичка криза?

Одговор: Не тоа не значи! Ова прашање требаше да му го поставите на претседателот на Владата, кој што поради сопствената неспособност да ги води преговорите на начин како што треба, односно да издејствува достоинствено решение за оваа држава, потпиша капитулација, го прифати ултиматумот на нашиот јужен  сосед и ги прифати целокупните нивни позиции од почетокот на преговорите. Ако јас имам било каква дилема или вие, слободно отворете ги грчките портали и весници, и во 13 точки ви е опишана детално капитулацијата која што денеска Зоран Заев се обиде на македонската јавност шверцерски да и ја протне како некој епохален успех.

Прашање: Господине Мицкоски, господинот Заев на прес конференцијата кажа дека не би сакал да има предвремени избори, но исто така додаде дека би се согласиле за предвремени избори па дури и кога тие би биле паралелно со референдумот или со претседателските избори, дали опозицијата би се согласила за предвремени избори?

Одговор: Ви благодарам на прашањето. Изминативе денови често пати слушав зошто токму со претседателските во првиот круг, и има зошто, и во една емисија објаснив зошто. Но, уште еднаш ќе објаснам да не бидам двосмислено сфатен. Ајде да одиме на избори, ајде најпрвин веднаш од утре  да ги направиме условите кои што ги имаше СДСМ на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година. Кога ќе ги завршиме тие измени веднаш да организираме предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на тие избори. Ајде веднаш и од утре да го подготвиме амбиентот за едни такви избори.

Прашање: Господине Мицкоски, што е тоа достоинствено решение за кое што секогаш се залагате?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ во многу пати во минатото го кажа својот став, но тој став го кажаа во изминатите 25 години многу влади во Република Македонија и преговарачи во процесот. Но секако не е достоинствено решение ова што денеска и беше претставено на македонската јавност. Ова е се, само не достоинствено решение! Или како што веќе го нарековме капитулација!

Прашање: Со оглед на фактот власта има просто мнозинство во парламентот или наредната недела може да се ратификува договорот во Парламентот?

Одговор: Затоа ако внимателно ме слушавте, можевме да ја слушнеме дилемата, односно прашањето која институција е надлежна за ваков тип на договори. Дали е надлежна Владата или е надлежен Претседателот на државата да го потпишува или ратификува истиот. Сериозна дилема се отвора во фактот што овој меѓународен договор во себе предвидува промена на Устав, а знаете вие секој оној договор, закон кој што го тангира уставот односно предвидува интервенции во истиот  не може да се носи со просто мнозинство. Така што Зоран Заев ја лаже македонската јавност, но ја лаже и светската јавност и не се срами од тоа.

Прашање: Со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема опозициона партија покрај политичките дали ќе покрене и правни мерки, со оглед на тоа според член 308 од Кривичниот закон Зоран Заев го има прекршено во целост?

Одговор:  ВМРО-ДПМНЕ била, е, и останува на браникот на Република Македонија за сите чекори во иднина јавноста благовремено ќе биде информирана.

12 јуни, 2018 - 21:17