Драган Данев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седница во Собрание на Република Македонија се обрати до заменик министерот и го потсети дека бил еден од гласноговорниците на дотогашната опозиција во делот на образование и кога стапивте на функција или кога бевте избран од ова Собрание за функција заменик министер, очекувавме навистина да почнат одредени реформи. Реформи кои ќе одат во прилог на поквалитетно образование.

-Ние сме веќе некаде година и 9 месеци од распишување на редовни парламентарни избори, да не зборувам за вонредни парламентарни избори. Како глас на тогашна опозиција походот за доаѓање на власт го почнавте со незадоволството на студентите, на средношколците, на наставниците, на професорите. Се залепивте на тоа незадоволство како политичка партија и затоа сега кога сте на власт целата оваа номенклатура воспитна образовна во нашата држава од вас очекува и очекуваше сериозна дополнителна одговорност кога се работи за унапредување на овој воспитно образовен процес во Република Македонија, појасни Данев.

Данев запраша што добија граѓаните, и што добија сите чинители на овој процес? Добија еден нов закон, старо-нов закон за високо образование кој што е сублимат од претходни неколку предлози кои што доаѓаа од сите влади. Тој закон се уште не е почнат ниту да се имплементира и добија два закони за студентски и ученички стандарди. Едниот закон е за помагање на ученичките домови при нивно реконструирање, ако случајно се случат работи кои што не биле предвидени со плановите за работа од таа тековна година. Тоа е „сериозна“ реформа. И вториот закон за студентски и ученички стандард со кој оваа власт крати 1% од стипендиите за социјално загрозени семејства, а ќе се додаде на нова група на студенти кои ќе се запишат на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование.