Нема да прифатиме промена на Уставот со цел промена на името на Република Македонија. Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата партија.

Тој денес гостуваше во дневникот на телевизија Сител каде говореше, меѓу другото, за спорот со името кој го водат Македонија и Грција.

-Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото е неколку пати кажана јавно и јас неколку пати самиот ја имам кажано. Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија и таа е непроменета и ќе остане непроменета, заклучи Мицкоски.