Додава дека не само на политички план, туку и поделби има и по определени појави кои што се случуваат во македонското општество.

Тој вели никогаш Македонија не била поподелена особено кога стануваше збор за Преспанскиот договор, потенцирајќи дека имаше една помала група на луѓе кои што го подржуваа и едно огромно мнозинство кое беше против тој Преспански договор.

-Безскрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група на определен етникум, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи кај мнозинскиот дел од македонскиот етникум гледаме дека не може повеќе да добива гласови, бидејќи има огромно разочарување помеѓу нив за политиките кои ги води СДСМ и Зоран Заев. Па тој сега се обидува да се додвори на вториот по големина етникум со ниски страсти, со романтични предлози и на тој начин го прави македонското општество се поподелено, посочи Мицкоски.

Мицкоски заклучува дека граѓаните се крајно разочарани од сигурноста во оваа држава и тие се деморализирани, демотивирани, а спасот го наоѓаат селејќи се со семејствата надвор од границите на Република Македонија.