Мицкоски на средба со задграничните комитети во Италија:

Македонија да го зачува достоинството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари работен ручек и трибина со задграничните комитети и македонската дијаспора во Канели, Италија. Тој информира дека Македонците се загрижени за правецот по кој се движи Република Македонија. Според нив, клучно е да се сочува достоинството и да се оди напред, ама тоа не се случува.

-Секој ден нови скандали, нови изјави за тргување со државните интереси, егзибиционизам и аматеризам во водењето на државната политика. Во овие мигови гледаме како власта тоне во сопствената жива кал, како превзема товар кој е преголем за нивните капацитети, како полека се разобличува нивното труло владеење базирано на измама, изневерени очекувања, шарени лаги, криминал и превземена обврска за едно крупно прашање за кое немаат досега одговор, барем не на начин на кој ќе значи крената глава, зачувано достоинство и перспектива која ќе донесе брз напредок. Економското назадување кое се случува оваа година државата ја турка во провалија и се одзема иднината на генерации граѓани, било заклучено на средбата.

Мицкоски е убеден дека Македонија може и мора подобро, Македонија која гради мостови, Македонија која е силна и европски интегрирана, Македонија која е сигурен и посакуван дом за нејзините граѓани.

13 мај, 2018 - 11:34