Димовски до СДСМ

Кога треба да се дискутира за работи кои ги засегаат граѓаните, бегате од дискусија со изговор дека не сте стручни

Искрено очекував да има поголема дискусија по однос на предлогот планот на регулаторната комисија за енергетика од два аспекти. Првиот аспект е што досегашните надлежности за утврдување на електричната енергија виза ви новите правила со новиот закон за енергетика кој што ете донесен е ама некако примената и очекувањата од граѓаните е се уште невидлив и вториот сегмент е исто така улогата на регулаторната комисија во утврдување на цената на горивата во Република Македонија, аспектите на новите даночни оптеретувања, акцизи на даночните оптеретувања на цената на горивата, анализи дали регулаторната комисија има проценка колку тоа влијаело на потрошувачка, на приходи. Но очигледно како што сум кажал и порано, ќе кажам и сега како поминува времето очекувањата дека Македонија има парламент се се помали и помали ми се, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска комисија.

Димовски додаде дека СДСМ во многу општини за време на локалните избори ветувале намалување на цената на водата, додавајќи дека сетоа тоа било политичко ветување за освојување на повеќе гласови бидејќи сега не само што нема намалувања на цената на водата туку истата се зголемува.

-Градоначалниците се правдаат на регулаторната комисија, регулаторната комисија се уште нема преземано целосна надлежност за тие аспекти. Нема кој да даде одговор, важно она што го добиваат граѓаните како завршен продукт од владеењето на СДСМ, нивните градоначалници и новите закони е дека плаќаат поскапи услуги. Освен што плаќаат поскапа нафта и бензин, плаќаат и поскапа вода, вели тој.

8 јануари, 2019 - 18:47