Капиталните инвестиции продолжуваат и покрај политичката криза

Колку што може Владата и колку што е во нејзина ингиренција во оваа ситуација каде што имаме техничка Влада таа турка, еве видовте оваа недела два капитални проекта. Гасоводот од Скопје-Тетово-Гостивар и гасоводот од Неготино-Прилеп-Битола, со сите општини помеѓу нив, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Се гради и гасоводот од Штип до Неготино, се заедно овие три гасоводи чинат 82 милиони евра, претходно се изгради гасоводот од кумановско до Штип, а се гради од Штип до Неготино и во градба е гасоводот од Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола, како и Скопје-Тетото-Гостивар. Се планира да се продолжи до Кичево и до Охрид и да се спои потоа со Кичево и во Истокот исто така се планира во Струмица-Гевгелија како и крак од Штип-Кочани-Берово и Делчево и овие градови во наредните две години се очекува да бидат изградени гасоводите, истакна Груевски.

Тој потенцираше дека во исто време се отвори и тендер за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа внатре во сите градови. Овој тендер се очекува да заврши во мај/јуни и треба да се избере партнер и ќе го изгради овој замислен проект.

Крајната цел не е само наламување на сметките на домаќинствата, туку и многу подобра животна средина, гасот е поефтин и е ќе им служи на земјоделците. Во наредните неколку месеци ќе се градат и три нови експресни патишта со по четири ленти. До крајот на месец март ќе се гради автопатот Штип-Кочани, потоа ќе се гради автопатот од Ранковце до Крива Паланка и на крајот ќе се гради патот од Штип до Радовиш, рече Груевски.

20 март, 2017 - 06:12