Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани присутни сакам да Ве информирам дека пред малку заседаваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и доенесе проглас кој што вечерва ќе го прочитам и со кој што ќе ги информираме сите чии што очи се вперани во одбраната на демократијата на Република Македонија.

Проглас на ВМРО-ДПМНЕ

1. Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната воља на народот. Работата на Државната изборна комисија се претвори во  пародија имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење влијание на некои од членовите на Државната изборна комисија а во правец на пост-изборен инженеринг и фалсификување на изборната воља на граѓаните на Република Македонија. Некои од независните претставници на ДИК не се не-зависни. Не-законските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд, од никого.

Доколку и Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената воља на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека꞉

Нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана воља на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана воља на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија.

2. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но, некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика, мора да престанат да го прават тоа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на на своите мандати и овластувања како дипломати.

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или преставници на други земји, а на кои се преговара или носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

3. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор, доколку истите ги нема во други земји членки на ЕУ.

4. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или било какви околности.

5. Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија, и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот.

ВМРО-ДПМНЕ, и историски и во сегашноста, и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија. Нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Република Македонија.

Ви багодарам на сите и Ви благодарам за вашата силна воља за вашите напори за вашата борба за зачувување на суверенитетот демократијата слободата и за зачувување на Македонија на македонските граѓани на Македонцита и на сите граѓани на Македонија. Ова Ваше собирање во овие денови е крик на совеста на секој Македонец на секој граѓанин на Македонија да ја зачува демократијата да ја зачува слободата и да останеме свои на своето и никој да неможе да ги фалсификува изборните резултати и изборната воља на на народот, на граѓаните на Република Македонија.

 

17 декември, 2016 - 19:59