Мицкоски:

Ги детектиравме потенцијалните измами од минатите избори, поради тоа ни важно да имаме претседател на ДИК

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју за телевизија Канал 5 кажа дека една од барањата на партијата на лидерските средби било претседател на ДИК, а тој објасни и зошто било тоа така.

-Направивме детална анализа на локалните избори во 2017 година, ги детектиравме потенцијалните измами кои тогаш се случија. Претседателот на ДИК ни е многу важен за да не се дозволи злоупотреба на избирачкиот материјал.

7 август, 2018 - 19:13