Мицкоски до одбојкарите:

Ги браневте боите на Македонија, вашата победа е наша радост

И покрај сите црнила што и се случуваат на Македонија, има и моменти на радост, моменти на светлина.

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по историскиот успех на македонските одбојкари.

„Честитки за пласманот на Македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство во одбојка. Вие ги браневте боите на Македонија, со гордост и достоинтво, со крената глава, со срце. Вашата победа е наша радост, и знам дека посветено ќе продолжите, а за кој друг ако не за неа, нашата единствена- МАКЕДОНИЈА“-напиша Мицкоски.

 

10 јануари, 2019 - 09:21