Груевски

Гаранција за реализација на четири нови кружни текови, градинки, спортски игралишта и реконструирани улици во Велес е Славчо Чадиев

Ние во изминатата деката отворивме над 170 илјади нови работни места, во Велес се отворија неколку фабрики, а во Велес бројот на вработени лица во 2006 година изнесувал 9.800, додека денеска бројот изнесува 15.600 вработени граѓани во Велес, а тоа е 5.700 лица повеќе, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа никогаш во Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот централен митинг во Велес.

-Целосно ја уредивме индустриската зона Каласлари, продадени се сите седум парцели и завршени се инфраструктурните работи, а пристапот до сите парцели е асфалтиран преку проект вреден 1милион и 900 илјади евра. Се изгради комплетно нов театар во Велес во вредност од 12 милиони евра, ги реконструиравме и автопатските делници од Скопје кон Велес и од Велес кон Скопје со вкупна должина од 50 километри во вредност од 13 милиони евра. Во Велес се изградија два нови кружни текови, еден на влезот и еден на најфрекфентната раскрсница наречена Авона, извршивме целосна реконструкција на мостот гемиџии во вредност од 700 илјади евра, а реконструиравме и многу регионални патишта во Велес, како и во овие места изградивме фекални канализации, рече Груевски.

Тој додава дека со градскиот водоводен систем ги поврзале Речани, Езеро Младост и Новачани.

-Извршивме реконструкции во општата болница во Велес, специјалната болница за белодробни боледувања и туберкулоза Јасеново, здравствениот дом во Велес како и центарот за јавно здравје, а набавивме и најсовремена опрема за овие установи и вложивме 5 милиони евра за здравството во Велес. Доделивме и пет нови амбулантни возила за потребите на итната медицинска помош, градскиот стадион доби целосно нов лик, а поставена и е вештачка трева и нови 100 столчиња. Инвестиравме и во образовната инфраструктура, изградивме четири нови училишта, заврши и реконструкцијата на гимназијата Кочо Рацин, основното училиште Свети Кирил и Методиј и средното Коле Неделковски, а изградивме и дополнителни три повеќе наменски игралишта, се изгради и пешачката патека околу езерото Младост во должина од 4 километри кое и јас лично со моето семејство имав прилика да ја прошетам минатата година пред Велигден, потенцираше Груевски.

Тој вели дека во иднина во Велес ќе се реконструираат многу улици, ќе се изгради пешачки мост во населбата Речани, ново сообраќајно решение за градот, предвидува и изградба на монтажна гаража кај автобуската станица во Велес.

-Во Велес ќе се изградат четири нови кружни текови со вкупна вредност од 10 милиони денари, во наредниот период продолжуваме со изградба на канализациска мрежа во населбата Речани, а исто времено ќе започнеме со иста таква мрежа во населеното место Трпезица, вредноста е 6 милиони денари, се планира и реконструкција на офицерскиот дом и негова пренамена во библиотека, ќе продолжиме со уредување на Езерото Младост, а за Велес планираме и отворање на нови четири градинки. Ќе изградиме спортски игралишта во Мамучево, Дурутовец, Црквино, а гаранција за сето ова ќе се исполни е Славчо Чадиев, потенцираше Груевски.

 

12 октомври, 2017 - 22:59