Според него со многу работа и многу напор може да се постигне подобар договор, и како што рече истата ваква изјава ја дал, „а тоа во  изминатиов  период е најнапаѓана изјава“. Така е, вели тој, зошто боли податокот што некој во очи им кажува на премиерот и министерот за надворешни дека некој може да направи нешто подобро.

-Никој не може да ми го одземе правото да верувам во подобра иднина, а тоа е Македонците да не исчезнат зошто овој договор е вовед во исчезнуавње на Македонците, не физичко, туку на овој национален идентитет што Македонците го имаат за себе, посочи Николоски.