Димков

Димитров да и објасни на јавноста за подготвеноста на Македонија да доселува мигранти

Пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ побара од министерот за надворешни Никола Димитров работи да и објасни на македонската јавност како тоа во Македонија вели дека нема да се населуваат мигранти, додека во изјави во други земји тврди дека државата е подготвена за да ги прими мигрантите.

-Како тоа велите дека нема да се населуваат мигранти во Република Македонија, деновиве за Дојче Веле изјавувате дека Македонија е подготвена да ги прими мигрантите, запраша Димков.

Димков по повод интерпелација ги напомена и продажбата на националните и државни интереси на Република Македонија со потпишувањето на договорот со Бугарија, но и за Законот за јазици кои што сака да го протурка СДСМ во Собранието на Република Македонија.

11 септември, 2017 - 18:15