Честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ до Претседателот на Евангелистичко- Методистичката црква

До: Евангелистичко-методистичката црква, Претседател, Г-дин Емил Заев

Почитуван г-дин Заев,

Во овие празнични денови дозволете ми во свое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на свештеништвото и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот Христијански празник – Божиќ. На сите верници им посакувам овој празник да го прослават во духот на мирот и заедништвото, во молитва да ја разбудиме бескрајната љубов, почитта и спокојот. Евангелско – методистичката црква има свој придонес во афирмирање на овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници.

Меѓусебно да се почитуваме, толерираме и помагаме, бидејќи тие се вредностите кои треба да ги негуваме и шириме, како во семејствата, така и во нашето општество и во нашата Република Македонија.

Заедништвото треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува.

Нека Бог биде секогаш со нас.

Христос се роди!

Навистина се роди!

 

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

6 јануари, 2018 - 12:58