Трајко Славески

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Трајко Славески е редовен професор на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до јули 2009 година. Од мај 2005 ја вршел функцијата Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ се до 2007 година. Во владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 1999-2000 година бил министер за развој, а потоа советник на министерот за финансии до парламентарните избори во 2002 година. На локалните избори во 2005 година бил носител на листа за советници за Совет на град Скопје. На парламентарните избори 2006 година е носител на листа за паратеници во втората изборна единица. 2006 година е именуван на функцијата министер за финансии. За предвремените парламентарни избори 2008 година е повторно носител на листа за пратеници на втората изборна единица, а по изборите продолжува да ја извршува функцијата министер за финансии до 10 јули 2009 година. Од декември 2015 до јуни 2017 година е член на Одбор за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија.