Лука Кржалоски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Лука Кржалоски е Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден во Скопје, средно образование  завршил во гимназијата Јосип Броз - Тито, а  дипломира на Економскиот факултет при УКИМ, каде сега е и магистрант. Кржалоски во 2011 година е избран за член на ИК на  УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  Во период од 2011 до 2012 година е координатор на Средношколската унија при УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  Додека од 2012 – 2013 година е координатор на Студентската унија.  Во 2013 година е избран за претседател на Градскиот Комитет Скопје на УМС на  ВМРО-ДПМНЕ, функција која ја извршува до 2018 година. Од 2015 до 2017 година е избран за член на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено е поставен за координатор на ОК Зрновци, Кратово и Ранковце како и на 3К Букурешт и ЗК Прага. Во октомври 2016 година е именуван за директор на ЈП Службен весник, функција која ја извршувал до јуни 2017 години. На локалните избори во 2017 година е избран за советник во Советот на град Скопје. Кржалоски има посетено голем број меѓународни обуки и семинари во организација на ЕДС, ЈЕПП,  Конрад Аденауер фондацијата, Јарл Хјамарсон, ЕУ и НАТО.