Коце Трајановски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Коце Трајановски е дипломиран машински инжинер. Тој е член на ВМРО-ДПМНЕ од самото негово основање од  јануари 1991 година. Пратеник е во Собранието во период од 1998 до 2005 година. Од 2003 до 2005 година ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во период од 1999 до 2006 година е претседател на ОК Гази Баба. Од 2003 година до 2017 година е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2005 година е избран за градоначалник на скопската општина Гази Баба функција која ја извршува во период до 2009 година. Во 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје. Во 2013 година е реизбран за  градоначалник на Скопје и функцијата ја извршува до 2017 година.  Од 2008 година до 2017 година е и Претседател на ЗЕЛС.