Иванка Василевскa

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Иванка Василевскa, родум од Скопје е вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Од 2000 до 2003 година, таа работи како хонорарен соработник, колумнист и новинар во политичка редакција на дневниот весник Вечер и Нова Македонија. По дипломирањето станува помлад асистент, потоа доцент и во 2017 година, Василевска станува вонреден професор на научната област, историја на правото на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Василевска е член на бордот на фондацијата „Алијанса на циливизациите“ и член на националниот совет за Евроинтеграции во Собранието на Република Македонија. Во Мај во 2015 година Василевска станува член на Советот за меѓународни односи претседаван од Претседателот на Република Македонија. Во 2016 година таа станува Потпретседател за Република Македонија во Adriatic Council.