Игор Јанушев - Генерален секретар

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Во периодот од 2000 до 2005 година е Секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Од 2005 станува член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, позиција која ја задржува се до 2009 година. Во 2017 година е избран за член на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Член е на регионалните изборни штабови за ИЕ 4 за изборите во 2008, 2009, 2011, 2014 и 2016 година. Потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2017 година е за Општинските комитети Штип, Пробиштип, Лозово, Карбинци и Илинден. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП - Скопје,  пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.