Доц. Д-р. Игор Николов

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Игор Николов е доцент на медицинскиот факултет во Скопје на Универзитетската Клиника за нефрологија. Николов е стипендист на француското здружение на нефролози. Николов својата субспецијализација по нефрологија ја завршува на Универзитетот Париз. Николов е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, тој е Копретседател на Комисијата за здравство на партијата од 2017 година. Тој е и член на ИО на Лекарската Комора на Македонија од 2013 до 2017 година. Во 2016 година е именуван за шеф на економска мисија на Инвест Македонија во Париз.  Николов има сертификат за одлично познавање на француски и англиски јазик, додека добро познавање има и од руски јазик.