Дафина Стојаноска

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Дафина Стојаноска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година. Стојаноска е дипломиран стоматолог и работела како матичен стоматолог во родниот град во период од 2001 до 2008 година, од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска е секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година, претседател е на ОИШ во Гостивар за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до 2017 година, повторно е избрана за член на ИК во 2018 година. Таа говори англиски, француски, албански и српски.