Цветан Трипуновски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Цветан Трипуновски е дипломиран земјоделски инжинер. Трипуновски е член од 1998 година. Во период од 2003 до 2007 година ја извршува функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец. Во периодот од 2007 до 2017 е потсекретар на партијата за изборните единици 3 и 4. Од 2009 година до денес е член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 до 2008 е директор на Државната фитосанитарна лабораторија. Во периодот од 2008 до 2011 е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година Трипуновски е именуван за директор на Инспекторатот за земјоделие, функција која ја извршува до 2017 година. На последните локални избори е избран за претседател на Советот на Општина Петровец.