Ане Лашкоска

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Ане Лашкоска е  родена на 24.02.1978 година во Прилеп. Средно образование завршува во Прилеп во гимназијата   „Мирче Ацев“. Лашкоска е дипломиран инжинер по хемија, дипломира на Природно – математички факултет во Скопје на Институт по хемија. Магистер е по маркетинг -менаџмент. Член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Член на ИК на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ во период од 2009 до 2011 година. Пратеник е во Собранието на Р. Македонија  во период од ‎2011 - 2014, ‎2014 - 2016 и повторно е избрана за пратеник на изборите во 2016 година.