Александар Велјановски

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Александар Велјановски е член на ВМРО - ДПМНЕ од 2005 година. Велјановски е дипломиран правник со положен правосуден испит и е магистер на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Потпредседател е на МК Мала Станица во периодот од 2007 до 2015 година. Претседател на Комисијата за правни работи при ОК Тетово. Велјановски е избран за Потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово во 2015 година, функција која ја извршува  до 2017 година. На локалните избори во 2017 е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, избори на кои е избран и за советник во Советот на Општина Тетово. Во 2017 година Велјановски е избран за претседател на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, функцијата ја извршува до 2018 година.