Александар Николоски - Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ

Кратка биографија 

Александар Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати. Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран  во 2017 година. Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Тој е именуван за  меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.