Стајковци ќе добие нова детска градинка

Општина Гази Баба е во фаза на изнаоѓање на земјиште на кое ќе биде изградена нова градинка во Стајковци.

Градоначалникот на општината Тони Трајковски на денешниот состанок на кој се се разгледуваше прогресот на решавање на барањата на граѓаните кои произлегоа од теренските посети кои се реализираат истакна дека нашле приватно земјиште за кое сопственикот се согласил, а на општината и одговара локацијата.

Сега сме во фаза на измена на планската документација. Планот е крајот на август да биде тоа завршено и септември да почнеме со експропријација на земјиштето. Оваа година средставата ги планираме за откуп на земјиште, а веќе во буџетот за следната година се договоривме и со министрот, планираме околу крајот на февруари да започнеме со тендерска постапка и потоа со градба, истакна Трајковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заклучи дека кон почетокот на 2017 година ќе се започне со градба на градинката.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов посочи дека Министерството ќе го покрие опремувањето на градинката, а општината купувањето на земјиштето и изградбата на новата градинка.

12 јули, 2016 - 15:28