fbpx

Статус на денот

Македонија е место каде хуманоста меѓу народот е длабоко вкоренета

 

 

Фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

 

Денес е голема сабота, ден пред Христовото воскресение, а Велигден е токму празнувањето на животот и неговата победа на смртта.

Ова се мигови кога треба да си спомнеме за болните, изнемоштените, но и за сиромашните и гладните. За бездомниците, за оние кои се несреќни, а секој човек заслужува достоинствен живот кое е негово право, а наша колективна одговорност да си помогнеме едни со други.

Македонија е место каде хуманоста меѓу народот е длабоко вкоренета, политиката и се она што ни се случи во овие 29 години независност покажува дека народот е многу помудар во однос на политичките елити кои управуваа и владеат со земјата. На Македонија и треба обновување бидејќи тоа е вистинскиот пат.

Да помислиме и на хероите кои и за овој празник работат и се борат – здравствените работници. Тие се даваат себе си, за здравјето на сите.

Посакувам среќа, здравје, и многу срдечни моменти поминати со семејствата.

Линк: 

https://www.facebook.com/i.janusev/posts/565839510804387

 

Последни новости