fbpx

Статус на денот

Реформи ДА, експерименти НЕ!

Почитувана министерке Мила Царовска,
Ние не сме заборавиле да инвестираме во училишната инфраструктура.
ВМРО-ДПМНЕ инвестираше повеќе од 50 милиони евра за изградба на 74 нови училишни објекти и за санација и реконструкција на околу 400 постојни.
Изградени се 51 спортска сала со вкупна вредност од 25 милиони евра. За високото образование беа набавени лаборатории и остварени проекти како никогаш претходно.
Нашите ученици се подготвени за соочување на предизвици кои ги носи новото вереме, на нашите наставници им треба поддршка од компетентни институции со соодветни и корисни едукации. Тие се исто така подготвени за предизвиците, им треба стручна помош, не едукации од разни провајдери, кои нема да ги научат ништо ново.
Вработувањето на наставниците со положен стручен испит не е држење на јамка на наставникот. Такво нешто може да каже човек кој единствено може да смисли таква метода. Исто како и докторите и правниците кои полагаат државен испит и наставниците го полагаат како услов за самостојна работа.
За КВАЛИТЕТ станува збор министерке, не за јамки!
Реформи ДА, експерименти НЕ!

Комисија за образование и наука
https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/322160412800783
 

Последни новости