Оваа пролет при обидите за старт на РЕК Осломеј во март 2020 година и мај 2020 година направени се материјални трошоци за АД ЕСМ и при тоа не е произведен ниту еден kWh електрична енергија.
Неуспешните стартирања на термоелектраната се како последица на неподготвената опрема за погон. Иако сето ова им било познато на највисокото раководство на РЕК Осломеј и АД ЕСМ, тие упорно се обидуваа да ја стават електраната во погон и покрај неотстранетите технички проблеми.
При овие неуспешни обиди за старт на РЕК Осломеј направени се материјални трошоци кои се мерливи и лесно може да се докажат, како што се:
потрошен мазут (повеќе од 100 тони при секој обид за старт, а направени се неколку неуспешни обиди). Овој трошок треба да се смета според цена на мазут по објава на регулаторна комисија кога е набавен.
потрошен јаглен (колку е потрошен треба да има во свои интерни извештаи во РЕК Осломеј) по цена колку ги чини ископот, а незванично властите велат 5 ЕВРА /тон, но тоа е малку.
Трошоци за деминерализирана вода од ХПВ
Финансиски трошоци поради зголемена сопствена потрошувачка на електрична енергија за неуспешен старт
Трошоци за ангажман на вработените над редовното работно време и други материјални трошоци
Вредноста на сите овие и други трошоци може точно да се утврди врз целосни податоци кои ги има во РЕК Осломеј. Во принцип еден старт на ТЕЦ Осломеј чини повеќе од 150.000 Евра.
Според незванични информации, во март 2020 година направени се пет неуспешни обиди за старт на термоелектраната а во мај уште два неуспешни обиди.
Вкупно седум неуспешни обиди за старт секој по вредност од 150.000 ЕВРА, што значи вкупно штета од 1.050.000 ЕВРА.
При сите овие обиди ТЕЦ Осломеј не е влезен во погон и нема производство на електрична енергија.
Ваквото неодговорно однесување со електроенергетските објекти и ресурсите на државата, не е забележано откако постои Република Македонија. Се троши мазут, јаглен, а нема никаков ефект од тоа. РЕК Осломеј не е спремен за погон бидејќи има технички проблеми кои се познати на највисокото раководство, а истите наместо да ги реши, упорно дава налози да се пушти во погон блокот, со што свесно прави неоправдани трошоци.
Ваквото делување на највисокото раководство во АД ЕЛЕМ и РЕК Осломеј е санкционирано и во колективниот договор на АД ЕСМ, каде јасно е дефинирано дека оној кој ќе направи штета истата мора да ја надомести.
Исто така санкционирано е и во кривичниот закон, каде прецизно се дефинира овој случај на штети и определени се казнени мерки.
Постојат и законски мерки кои треба да се преземат поради загадување на животната средина.
За утврдување на ваквото неодговорно и несовесно работење со предизвикана штета од поголеми размери потребно е да има реакција од следни институции:
Внатрешните контроли на АД ЕСМ со цел да си ја наплатат штетата согласно колективниот договор дефинирано во одделот: VIII - Надомест на штета членови 90 до 97,
Јавното Обвинителство да покрене постапка согласно кривичниот закон член 353-в за несовесно работење во службата и нанесена штета и
Министерството за животна средина и Инспекторатот за животна средина кои треба да покренат постапка за утврдување на загадување на животната средина.
За жал, активности од овие институции за разрешување на оваа штета нема и не може да има во оваа констелација на сегашна власт.
Ваквиот начин на неодговорно работење нема да се дозволи после 15 Јули 2020 година со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.
Обновата доаѓа!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/150060716677421?__tn__=K-R




