fbpx

Статус на денот

SMART CITIES, ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во областа на локалните политики предвидува воведување концепт за паметен град, преку развивање на софтвери за поефикасно функционирање. До 2024 година, предвидуваме револуција во начинот на услужување на граѓаните, зголемување на достапноста на општините до граѓаните и ефикасно управување со ресурсите на локалните самоуправи.

Преку воведување на унифициран електронски систем за управување и следење на документи од страна на надлежните и граѓаните, секој граѓанин ќе има увид кој документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа. Така општините ќе станат потранспарентни, а граѓаните ќе бидат во тек со секоја нивна постапка.

Воедно, ОБНОВА-та предвидува и дистрибуција на документите до граѓаните во законски предвидениот рок, со што ќе се намали чекањето на шалтери.

Иновативноста на нашата програма нуди и отвореност на локалните буџети, кои ќе се модифицираат со помош на граѓаните и нивните електронски предлози, а ќе се се инкорпорирааат во годишните општински буџети.

Овие се дел од проектите што ја донесат Обновата и на секој граѓанин ќе му овозможат да се почувствува како дел од заедницата.

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/photos/a.119451659738327/150060903344069/?

Последни новости