fbpx

Статус на денот

Како Владата на СДСM ги троши парите на граѓаните

СДСМ ветуваше пред да дојде на власт дека кога ќе ја зголеми економичноста, ефикасноста и ефективноста на користењето јавните средства. Со доаѓањето на власт гротескно го најави а потоа и го донесе новиот Закон за јавните набавки на 01 февруари 2019 година фалејќи се дека истиот ќе придонесе кон поголема конкуренција помеѓу економските оператори, поголема транспарентност и еднаков третман на економските оператори. Но реалноста покажа дека СДСМ повторно ги излажа граѓаните!

Новиот закон за јавни набавки кој Владата на СДСМ го фалеше, придонесе само за поголем простор за корупција бидејќи некои одредби се исклучително ризични, односно голем е просторот за реализација на набавки без примена на законот, односно за набавки чија проценета вредност без данокот на додадена вредност (во натамошниот текст: ДДВ) од страна на државни органи, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, акционерските друштва, правните лице, коi вршaт една или повеќе секторски дејности, врз основа на посебно или ексклузивно право и тоа до следните прагови:

а) во класичниот јавен сектор:

до 1.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение,

до 5.000 евра во денарска противвредност за работи и

до 10.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги.

б) во секторските дејности кај одредени договорни органи:

до 2.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение,

до 10.000 евра во денарска противвредност за работи,

до 20.000 евра во денарска противвредност за одредени посебни услуги,

до 400.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение,

до 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи и

до 1.000.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги.

Нема сигурни гаранции за транспарентност и недискриминација на овие постапки.

Со новиот закон се укина моделот на конечна цена, со што сега нема можност да се намали понудената цена доколку се јавил само еден понудувач на пазарот.

За влошената состојба со јавни набавки говорат и извештаите од стручните и невладини институции. Така на пример, согласно последниот објавен Извештај од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари- јуни 2019 година од страна на Центарот за граѓански комуникации, конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година е влошена во однос на претходните две години односно просечниот број понуди на мониторираниот примерок изнесува само 2,74, а во дури 35 % од мониторираните тендери е добиена само една понуда. Понатаму во истиот Извештај е наведено дека и покрај тоа што институциите најчесто не ја наведуваат проценетата вредност на тендерот во огласите за јавни набавки, што е во согласност со новините на Законот, постојат многу случаи во кои понудените цени се симптоматично блиску до проценетата вредност, која понудувачите инаку не можеле да ја видат во тендерската документација. Понатаму, секој четврти тендер (25,8 %) е целосно или делумно поништен.На локално ниво исто така се забележaни многу недостатоци кај локалните тендери, поништување на тендери и опаѓање на конкуренцијата. Најмногу загрижуваат податоците за спроведените тендери со само една понуда, имено согласно Извештај од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари- јуни 2019 година од страна на Центарот за граѓански комуникации во првото полугодие на 2019 година уделот на овие тендери изнесува 35%, што е на највисоко ниво во период од три години. Спроведените тендери пак со само двајца учесници изнесувал 22% или вкупно спроведените тендери во првото полугодие од 2019 година со по еден и двајца понудувачи изнесувале 57% во однос на вкупниот број на спроведени тендери, што значи практично дека во најголем дел тендерите се спроведувале без никаква конкуренција!

Доколку постапките беа транспарентни и пружаа еднаков третман на економските оператори тогаш нејасно е зошто се зголемува бројот на поништени постапки? Анализирајќи ги спроведените постапки за јавни набавки во периодот 2016- 2019 година лесно се воочува константното зголемување на бројот на поништените постапки за јавни набавки и тоа од 4.179 во 2016 година на 5.985 во 2019 година односно вкупно зголемување од 43%. (графукон број 1)

Она што особено загрижува е фактот што имаме зголемување од цели 95% во периодот 2016- 2019 година кај поништените отворени постапки и поедноставени отворени постапки кои што се со повисока вредност (повеќе од 20.000 евра) и тоа од 1.349 во 2016 година на 2.624 постапки во 2019 година. Она што законот го дозволува е преговарање без објавување оглас за јавна набавка за стоки, услуги или работи, и тоа кога по претходно спроведени две отворени постапки или поедноставени отворени постапки не е поднесена ниту една понуда или ниту една соодветна понуда, односно кога по претходно спроведени две ограничени постапки не е поднесена ниту една пријава за учество или ниту една соодветна пријава за учество во првата фаза. Дали ова значи дека се поништуваат постапките со големи вредности за потоа директно да се преговара што несомнено упатува на корупција?! (графикон број 2)

Гледано според причините за поништување на постапките за јавни набавки драстично е зголемен бројот на поништени тендери од причина што не е поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда и тоа за 44% (од 2.652 во 2016 година на 3809 јавни набавки во 2019 година). Ако податок го надополниме со фактот дека за 79% е зголемен поништениот број на постапки каде што понудувачите понудиле цени и услови кои се понеповолни од реалните на пазарот само по себе се наметнува прашањето како и за кого биле креирани тендерите? Исто така, треба да се нагласи дека зголемен е и бројот на постапки за јавни набавки кој е поништен од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки за повеќе од двојно во 2019 година во однос на 2016 година. (графикон број 3)

Доколку се анализираат компаниите кои што имаат најголем број на поништени постапки за јавни набавки може да се согледа колку е пораснат бројот на поништени постапки во 2019 година во однос на 2016 година, и тоа на пример кај Електрани на Македонија од 180 во 2016 година на 409 поништени постапки во 2019 година (127%), Министерство за внатрешни работи за 163% и Министерство за одбрана за 12%. (графикон број 4)

Тука треба да се нагласи и поништената незаконски водена постапка за јавна набавка на помошна механизација на ЕЛЕМ која тежеше цели 19 милиона ЕВРА, а Владата на СДСМ сакаше незаконски да ја спроведе пред избори!

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/149280983422061?

Последни новости