СДС ја почна кампањата на начин токму како што прилега на една исплашена и партија во паника која знае дека губи и наскоро ќе треба да се соочи со лицето на правдата.
Палењето на дуќанот на Владо Мисајловски - Кендо е само одлика на нивната немоќ и страв од поразот кој следува, страв од судовите со кои што треба да се соочат и убеден сум - големите казни за сѐ што ѝ направија на Македонија и македонскиот народ.
Јас и порано еднаш кажав кога имаше напад на уште еден носител на ИЕ од ВМРО дека не им се плашиме, што и да пробаат да направат нема да нѐ спречат во битката која ја водиме.
Им порачувам да престанат со овие мафијашки филмови, да не демонстрираат сила и да се помират со судбината бидејќи никој не им се плаши, посебно не ВМРО. Во опозиција не е лошо, тоа ќе им помогне да се ослободат од криминалните пипци во партијата и да се исчистат.
Но, да не должам, директно ви кажувам дека ова нема да остане така и ќе има одговорност!
Не смее да има пресметка само ако некој е со различно политичко убедување од власта, ова е земја на сите граѓани во Република Македонија без разлика на партиска или било каква определеност.
Кендо ја има мојата поддршка, во ова не е сам и заедно ќе победиме!




